02 Мај, 2024
0.0803

ОД КАДЕ ПАРИ ЗА ШТЕДЕЊЕ СО ВАКВИ ЦЕНИ НИКОЈ НЕ ЗНАЕ, АМА ИМАЛО – во септември домаќинствата вложиле во банките 55 милиони евра

Објавено во: Финансии 25 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Економската криза можеби ги извади дел од денарите од банките кога почна, но затоа сега денарите дефинитивно се враќаат во банките.

Народна банка ги објави најновите бројки за депозитите и кредитите за септември, кои говорат за натамошен раст на депозитите, и тоа кај сите сектори, иако домаќинствата се главни носители на растот на влоговите, додека порастот е многу помалку изразен кај компаниите.

Според пресметките на Фактор, вкупните депозити во септември годинава достигнале дури 7,62 милијарди евра. Во однос на претходниот месец тоа е раст за близу 70 милиони евра, говорат податоците на централната банка.

Од овој раст од 70 милиони евра, најголемиот дел или над 55 милиони евра отпаѓа на пораст на депозити кај домаќинствата, односно кај населението, што значи дека нашиов народ не престанува да штеди во банка и во време на криза.

Или, на крајот на септември годинава заштедите на домаќинствата во банките и натаму продолжуваат да растат, откако пред неколку месеци ја надминаа психолошката граница од пет милијарди евра. Па така, тие достигнале сума од близу 5,09 милијарди евра, откако на крајот на август нивната сума беше 5,04 милијарди евра.

Или, месечниот раст на граѓанските заштеди надминува 55 милиони евра, што е навистина за поздравување за нашето население, кое токму во септември беше соочено со една од највисоките стапки на инфлација, и тоа годишна од 18,7 отсто, и со екстремно високи трошоци на живот. Како останувале пари за преживување, но и за штедење, тоа треба да кажат оние што ги вложиле парите во банка.

Уште една позитивна вест излезе од септемврискиот сет податоци на централната банка, а таа е дека домашната валута денарот се враќа валута како пожелна за штедење во банка.

Па така, ако се гледа само септември, во тој месец биле бложени во нашите банки 33 милиони евра  заштеди во денари, а 22 милиони во евра.

Ова значи дека раст има и кај денарските и кај девизните заштеди, но денарските се зголемиле за повеќе отколку оние во странска валута.

Сепак, вкупните заштеди во девизи кај домаќинствата сеуште се повисоки од денарските. Односно, на крајот на септември имало заштеди во странска валута од 2,74 милијарди евра, додека оние во денари изнесувале 2,36 милијарди евра.

Народна банка презеде серија мерки со цел да го поттикне штедењето во банка во денари, во што и најверојатно успеа, дотолку повеќе што и изгубија на интензитет непотребно пуштените шпекулации за евентуална промена на девизниот курс на денарот, за кои се виде дека немаат врска со вистината.

„Во септември, вкупните депозити се зголемени за 0,9 отсто на месечна основа, поради растот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. Годишниот раст изнесува 3,4 отсто и речиси во целост се должи на повисоките депозити на секторот домаќинства“, се вели во соопштението од централната банка.

Инаку, од најново објавените податоци на НБМ, кога станува збор за кредитирањето, може да се види дека најмногу растат станбените кредити, достигнувајќи близу 1,2 милијарди евра на крајот на септември, односно имаат месечен пораст за над 11 милиони евра. Ова покажува дека банките и натаму не запираат со стаснбеното кредитирање, и покрај опасноста од дуење на станбениот кредитен меур.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?