02 Мај, 2024
0.0294

ОД КУМАНОВО ДО ГЕВГЕЛИЈА, ОД ДЕБАР ДО БЕРОВО: Ширум Македонија скокна бројот на невработени

Објавено во: Економија, Корона Вирус 06 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Порасна бројот на невработени во државата во април во однос на месец март, поради пандемијата на коронавирусот.

Прецизна слика даваат податоците кои ги објави Агенцијата за вработување. Скок на невработеноста има во сите македонски градови.

Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени вели дека ситуацијата е многу тешка и нормално е да има отпуштања.

„Секој ден си го поставуваме истото прашање, и мака мачиме да ги задржиме работниците. Ние немаме некое јако стопанство, за да можеме да не работиме два месеци, а да даваме плати. Сите фирми се погодени, но малите и микро компании каде има еден вработен или се семејни, кои се бореа за егзистенција, сега се пред згаснување, не можат да заработат за плата“, објаснува Дисоска.

Во Скопје бројот на невработени е зголемен за 1.732 лица, во Тетово за 466, во Куманово има плус 493 невработени, во Штип растот е за 222, во Битола бројот на невработени се зголемил за 537, во Охрид за 350 луѓе.

Во Гевгелија има 378 невработени повеќе, во Берово за 28 се зголемил бројот на лица без работа, а во Дебар се евидентирани плус 18 невработени.

Во Валандово има 136 невработени повеќе во април за разлика од март, а во Велес невработени се плус 204 луѓе.

Во Виница бројот на невработени се зголемил за 26, во Гостивар за 424, во Делчево за 62, во Демир Хисар за 65, во Кавадарци за 150, во Кичево за 188, во Кочани за 199, во Кратово за 45.

Во Крива Паланка има 90 луѓе плус во евиденцијата за невработени, во Крушево за 32, во Неготино за 158, во Прилеп за 293, во Пробиштип за 24.

Во Радовиш има 103 невработени повеќе за разлика од март, а во Ресен за 79.

За 53 скокнал бројот на невработени во Свети Николе, а во Струга за 176.

Во Струмица има 260 невработени плус во евиденцијата на Агенцијата за вработување.

Според Светска банка, во Македонија двојно ќе се зголеми и бројот на сиромашни вработени поради корона кризата.

Земјата е во вонредна состојба, а бројот на заболени од коронавирусот деновиве се зголемува, поради што е вратен и полицискиот час.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?