02 Мај, 2024
0.0249

Од следната недела стигаат владините картички, можете и да ги одбиете

Објавено во: Економија 31 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска соопшти дека следната недела, веднаш штом ги добијат листите со корисници, банките ќе почнат да ги издаваат картичките „Купувам домашно“, а средствата ќе им бидат исплатени директно од Буџетот, преку владината КОВИД програма.

– Уредбата за платежните картички е веќе донесена, деновиве се обработуваат финалните листи на граѓаните кои ќе бидат објавени јавно. Секој што не сака да добие поддршка, може да каже. Очекуваме средствата да бидат префрелни во текот на идната недела или најдоцна после тоа да се изврши исплатата. Не гледаме дека би имало пречка во реализацијата на картичките, се работи за обемен проект кој бараше добра координација меѓу сите институции. Со картичката „Купувам домашно“ граѓаните ќе плаќаат безготовински што ќе влијае на долг рок на креирање на навиките за безготовисно плаќање, но и на справување со неформалната економија, истакна Ангеловска.

Таа ги повкива сите мали и средни бизнси кои немаат посттерминал, да земат, за да можат да ги примаат каритчките.

-Најголем дел од банките ги нудат посттемирналите без никаков трошок без разлика на прометот, истакна Ангеловска уште еднаш потенцирајќи дека ковид-кризата треба да ја искористиме за да промениме некои работи, да ја забрзаме нашата трансформација – и на економијата и на општеството.

Во врска со картичката, министерката рече дека ова е прв пат да имаме ваков современ начин на аплицирање, без граѓаните да бидат принудени да одат во институциите.

– Сакаме да овозможиме на најлесен начин да ја добијат таа помош, да ја искористат на домашни производи и услуги за проектираните 25 милиони евра да имаат најголемо влијание и помош врз економијата, рече Ангеловска.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?