Одложен собирот на светската бизнис и политичка елита во Давос
Објавено во: Економија 27 Август, 2020
Светскиот економски форум ги напушти плановите да го одржи својот годишен собир на светската бизнис и политичката елита во швајцарскиот планински град Давос следниот јануари, поместувајќи го за летото 2021 година, поради пандемијата на коронавирус.
Во средата, сепак, извршниот директор на ВЕФ, Адријан Монк, изјави дека добил стручен совет дека не може безбедно да го одржи настанот во јануари.
Форумот соопшти дека ќе ги потврди датумите и локацијата на неговиот следен собир, откако ќе се увери дека може да гарантира здравје и безбедност за своите учесници .
ВЕФ, која се води како непрофитна организација, во својот последен годишен извештај соопшти дека состанокот на Давос генерирал 13 итсто од приходите (378,5 милиони американски долари) во 2019 година, напомена и дека откажувањето „може да има негативни последици врз приходот на фондацијата “.
Одржувањето на состанокот на „рано лето“, како што сега има намера ВЕФ, сепак треба да му овозможи да придонесе за подобрување на фискалната година која трае до крајот на јуни.
Одлуката за презакажување на настанот следната година доаѓа откако глобалниот број на смртни случаи од коронавирус надмина 820.000.
„Одлуката не беше донесена лесно, бидејќи потребата глобалните лидери да се соберат да дизајнираат заедничка патека за обновување и да го обликуваат големото ресетирање во ерата на пост-Ковид-19 е толку итна“, рече Монк.