28 Април, 2024
0.0255

ОДМАЗДА? Мерцедес отпушти роботи и вработи луѓе

Објавено во: Стил 27 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Изгледа дека роботите уште не се толку развиени за да би можеле да ја заменат човечката рака, што го докажува потегот на германскиот авто-гигант кој одлучил да вработи луѓе.

„Mercedes-Benz“ нуди ново купе од серијата S кој има додатна опрема, како на пример, држачи за чаша кои може да ги греат или ладат, 4 различни капи за вентили на гумите и слични опции кои роботите не можат да ги следат.

Денешните роботи не можат да се носат со такви индивидуални барања на купувачите па дел од работата во фабриката на Мерцедес во Шинделфинген ја преземаа луѓе.

Изгледа дека опремата во новата Мерцедес S класа се покажала премногу тешкa за изработка на сегашната генерација роботи.

Луксузните автомобили веќе не се доволни и се повеќе се бара посебно прилагодени возила. Флексибилноста и подготвеноста на луѓето ги враќаат на монтажната линија на Мерцедес.

„Роботите не можат да се носат со личните барања на денешниот пазар на автомобили. Сметаме дека на овој налич штедиме пари и вложуваме во наша иднина“, рекол Маркус Шаефер од Мерцедес.

Според неговите зборови, иако луѓето го презеле овој дел од работата, роботите и понатаму ќе се занимаваат со работи како заварување, фарбање и уградување на мотори.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти