Официјално: Аднан Азизи директор на Македонски железници - Транспорт
Објавено во: Економија 02 Ноември, 2020
Аднан Азизи е впишан како нов генерален директор и претседател на Управен одбор на Железници на Северна Република Македонија Транспорт Ад-Скопје, на местото на Орган Муртезани.
Минатиот месец Владата му препорача на Надзорниот одбор од должноста член на УО на МЖ Транспорт да го отповика Муртезани, а за член да го избере Азизи.
Азизи е од тетовско ларце, а дипломирал на Филолошки факултет.
Азизи од Движењето Беса ќе го замени Муртезани како кадар од Алтернативата..