Охрид продолжува да се тресе, регистриран послаб земјотрес
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2017
Продолжува серијата на земјотреси во Охрид. Странските сеизмолошки опсерватории објавија дека вчера во 22 часот и шест минути повторно се затресло тлото на оддалеченост од шест километри од Охрид.
Според мерењата земјотресот бил со послаб интензитет од 2,8 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од два километри.
Вчера во Охрид во распон од триесет минути меѓу 20 и 20:30 часот беа регистрирани три земјотреси со јачина од 3 до 4 степени.