27 Април, 2024
0.0298

ОХРИД СЕ ТРЕСЕ, СТРАНЦИТЕ НЕМААТ ГАЈЛЕ: Еве како туристите го доживејаа градот со многу потреси

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Не се плашам затоа што сум преживеал доста такви земјотреси и посилни во Стражица, Вранча, Перник, вели Илиан Илиев, турист од Бугарија која деновиве престојува во Охрид.

Вели дека во градот ќе остане десетина дена,  прв пат е во Охрид, а се надева дека не и последен. Сака да ги види сите знаменитости и убавини кои Охрид ги има, и не размислува за земјотресите кои последниот месец го тресат балканскиот Ерусалим.

Со сличен став е и туристката од Нов Зеланд,  Џоан Алисон која тукушто си замина од Македонија.  Таа во саботата била во Охрид, ден за кој вели дека имаше повеќе потреси, и објаснува дека имало мала паника меѓу луѓето поради земјотресите.

„Јас дојдов од Нов Зеланд каде често има земјотреси, што значи дека сум навикната на нив. Веројатно земјотресите нема да ме спречат пак да го посетам местото, но ќе размислам ако треба да купувам или да инвестирам таму. Ги почувствував земјотресите по што истражував  на интернет и  најдов некои геолошки анализи, но не читав во детали. Езерото е убаво. Штета е ако земјотресите ги држат луѓето далеку“ – додава Алисон.

Мелих Хусну Ѓумуш од Турција кој престојува во Охрид вели дека нема зошто да се плаши од земјотресите. Смета дека луѓето кои се плашат не се доволно информирани. 

Oд туристичката агенција Валентина Вип травел од Варна во Бугарија велат дека оние луѓе кои сакаат да патуваат и имаат авантуристички дух, не ги интересираат субјективни или објективни причини кои би ги попречиле. Додаваат дека пад на интерес за посета на Охрид нема. 

И самите охриѓани потврдуваат дека земјотресите ги исплашија домашните туристи, но не и странските посетители.

ДАЛИ ОВА ЌЕ БИДЕ ФИЈАСКО НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА ИЛИ СЕПАК НЕ?

 Oд ХОТАМ потврдуваат дека сезоната во Охрид и Струга е во тек, со очекување на ноќевања на странски туристи, но не и со доволен број на домашни гости.

„Хотелските капацитети се исполнети со странски гости од Холандија, Белгија, скандинавските земји, Англија, Турција и по некој гостин од околните  земји. Земјотресите ги намалија домашните гости, но не и странските гости. Очекуваме подобрување на посета од домашни гости идната недела. Земјотресите се веќе намалени. Оваа сезона сепак ќе биде вбројана во успешните сезони“ – вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај граѓаните  и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“