ОХРИД СЕ ТРЕСЕ: Земјотреси во 1, 2 и 3 часот ноќеска после полноќ
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2017
Тлото во Охридскиот регион повторно се тресе.
Првиот земјотрес е забележан во 01:02 часот по полноќ. Имал интензитет од 3.3 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Охридско и истиот се случи на 5 километри длабочина.
Уште два земјотреси по земјотресот кој се случи во 01:02 часот
Вториот потрес се случи во 02:48 часот и истиот беше со интензитет од 2.4 степени според Рихтер а уште еден потрес се случи во 03:15 часот и истиот беше со интензитет од 2.8 степени според Рихтер.
Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат во Охридско.