05 Мај, 2024
0.0284

Охридска банка ќе изврши докапитализација за поддршка на развојот на банката во износ од 10 милиони евра

Објавено во: Економија, Мои пари 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

На 8 Мај 2020 година, се одржа 44. Седница на Собранието на акционери, на која беше усвоена Одлуката за докапитализација на Охридска банка во износ од десет милиони евра. Зголемувањето на средствата на Банката во износ од десет милиони евра ќе овозможи одржување на соодветно ниво на стапка на капитал согласно пропишаните стандарди со локалната регулатива, а од друга страна пак докапитализацијата ќе значи подршка на развојот на банката и одговарање на пазарните предизвици особено во оваа 2020 како предизвикувачка година, пред сè, од аспект на македонската економија како во сегментот население, така и во корпоративниот сегмент. 

Во насока на поддршка на финансиските капацитети на буџетот на државата, од аспект на аконтативните уплати на данок од добивка, Охридска банка ад Скопје е во претплата во износ од околу 24 милиони денари и по тој основ нема да бара поврат на средства, односно истите ќе ги користи за однапред подмирување на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година, со што го дава дава својот придонес по во овој основ во овој тежок период. 

„Во тимот е силата и затоа треба заеднички да се носиме со предизвиците што ни ги наметнува оваа година. Сега е важно секој експерт од својата област да даде максимум во својот дел, а ние како банка и понатаму ќе останаме стожер на семејните финансии и визионерите претприемачи така што нудиме низа мерки за државата, граѓаните и реалниот сектор да ја преброди пандемијата предизвикана од Ковид 19 колку што е можно побезболно. Сега е времето кога сите треба да покажеме високо ниво на одговорно однесување, да постапуваме рационално и економски оправдано, да носиме издржани одлуки и согласно можностите да ја поддржуваме реалната економија. Охридска банка во овој период вложува максимални напори и подава рака во сите сфери во кои е тоа потребно, истовремено грижејќи се за ликвидноста која е клучна не само за самата банка, туку и за нашите клиенти кои ни ја довериле довербата, а и за цеокупната економија.“ изјави Нина Неданоска, Претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје. 

Неодамна Охридска банка објави и нова понуда на кредитни производи со значајни олеснителни услови кои ќе важат се до 30.09.2020 година, за сите клиенти кои имаат потреба од кеш кредити и станбени кредити. Во изминатиот период Банката и донесе бројни одлуки за да помогне во спречување на натамошни инфицирања од Корона вирусот. Како дел од овие одлуки се укинатите провизии за денарски трансакции реализирани преку мобилното и електронското банкарство за да се стимулираат граѓаните да се воздржат од непотребни посети на експозитури и редовните банкарски услуги да ги извршат преку апликацијата Моја Банка, потоа предвремена исплата на пензиите на пензионерите, обнова на платежните картички и достава на домашна адреса, бесплатни дебитни картички за пензионери, зголемена дезинфекција на мрежата на експозитури и банкомати на Банката и тн. Охридска банка, заедно со Шпаркасе Банка Македонија и матичната Групација Штаермеркише Шпаркасе во овој период реализираат заедничка донација од 110.000 евра, средства кои се насочени за набавка и репарирање на медицинска апарати, набавка на медицинска опрема, маски и скафандери за медицинскиот персонал во Клиничкиот центар во Скопје, набавка на гориво за возилата на Итна медицинска помош, набавка на медицинска опрема за болниците во Охрид и Куманово, како и набавка на храна и средства за хигиена за 1500 финансиски загрозени домаќинства, кои се дистрибуираат во соработка со Црвениот Крст.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?