fake panerai watches Охридска банка планира голема петгодишна офанзива
02 Мај, 2024
0.0272

Охридска банка планира голема петгодишна офанзива

Објавено во: Економија 08 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Охридска банка го претстави амбициозниот петгодишен план со кој планира раст на кредитирање за 40 отсто, раст на добивката секоја година, а во 2025 до 10 милиони евра., раст на нето приходи од камати за 38 отсто, раст на депозити о на приходи од провизии како дел од групацијата на „Шпаркассе банк“ на македонскиот пазар  

Среднорочната планирана иднина покажува дека прогнозите и очекувањата се големи и се реални ако се знае дека станува збор за голема регионална банкарска групација која годинава што иде на нашиот пазар ќе обедини две деловни банки.

Една од петте најголеми домашни банки планира во наредните четири години да ја зголемува добивката (пред оданочување) во постојан раст, а таа во 2025 година треба да достигне 10,9 милиони евра што би било повеќе од двојно во однос на планираната за 2021 година  за кога би требало да достигне 4,6 милиони евра.

Главните извори на пари ќе бидат „нето приходите од камати“. Тие за годинава се очекува да бидат 16,4 милиони евра, а за пет години од сега (2025 година) се проектирани да пораснат до 22,6 милиони евра. Нето приходите од провизии остануваат како втора најголема приходна ставка и тие до 2025 година се очекува да стигнат до 7,3 милиони евра од сегашните (за 2020 г.) кои се реализираат на ниво од 3,9 милиони евра.

Најавено е и зголемување на платите на своите вработени. Имено буџетот за плати годинава е 5,4 милиони евра, за до 2025 година постојано да расте и тогаш да достигне 6,6 милиони евра. Општите и административните трошоци на банката за до 2025 година треба да пораснат за 3 милиони евра, односно до 14,7 милиони евра во 2025 година.

Се очекува резервациите од деловните зафати од сегашното ниво од 34,2 милиони евра да нараснат до 56,8 милиони евра на крајот на 2025 година.

Одобрувањето на кредити за пет години треба да достигне 759,3 милиони евра што е за 216 милиони евра повеќе од годинава.

На страната на депозитите вкупното конто ќе биде 472,3 милиони евра, а за пет години линеарно треба да расте и да достигне 681,9 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?