03 Мај, 2024
0.0256

Охридска банка предупредува за фишинг напади и злоупотреба на лични податоци од непознати сторители

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Охридска банка ја известува јавноста дека непознати сторители, злоупотребувајќи го идентитетот на Банката преку лажно претставување, денес се обидуваат да извлечат лични податоци на клиенти на Банката и на општата јавност. 

Забележани се два вида на напади. Во првиот случај на фишинг напад, непознат праќач од лажна меил адресата ohridska.banka@obsg.com праќа известување за добиена дознака од странство со прикачен .rar документ, којашто не е официјална меил адреса за комуникација на Банката. Во вториот случај, лажна Фејсбук страница именувана „Охридска банка“ повика на учество во наводна наградна игра и контактира Фејсбук корисници да достават слика од лична карта, број на трансакциска сметка и слика на бела позадина. 

Охридска банка потенцира дека нема никаква поврзаност со наведените меил адреси и лажната Фејсбук страница и дека не организира наградна игра. Банката апелира до сите клиенти, како и општата јавност, со крајно внимание да ги употребува и доставува за обработка, личните податоци, особено во последниот период кога се зачестени обиди за крадење на лични податоци со лажно претставување во име на засегнати страни. Банката препорачува да се следат насоките на Дирекцијата за заштита на лични податоци за вакви ситуации и известува дека веќе го пријави овој случај во компанијата Фејсбук, како и во Министерството за внатрешни работи. 

Официјалните канали за комуникација на Банката се објавени на веб-страницата www.ohridskabanka.mk, вклучувајќи го телефонскиот број на Контакт центарот 02 15 050 и официјалните профили на Банката на социјалните мрежи. 

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија