06 Мај, 2024
0.0287

Окрупнување на финансискиот пазар: Генерали инвестмент ја купува Илирика Фонд Менаџмент

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Generali Investments Slovenia е во процес на превземање на Илирика Фунд МенаџментА.Д. Скопје преку спојување со Генерали Инвестментс АД Скопје, фирма-ќерка на најстарата компанија за управување со средства во Словенија, Generali Investments. Трансакција ќе се случи по одобрувањето од регулаторното тело на пазарот односно од Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Со преземањето Генерали Инвестментс дополнително ја зацврстува пазарната позиција  како втора најголема компанија за управување со средства во Северна Македонија.

По завршување на превземањето на Илирика, Генерали Инвестментс АД Скопје ќе го зголеми пазарното учество на 26 проценти на македонскиот пазар.

Основанa во 2008 година, Генерали Инвестментс АД Скопје управува со 4 инвестициски фондови, 31,3 милиони евра со приближно 2.000 клиенти. По превземањето на Илирика, компанијата ќе превземе 3 инвестициски фонда и индивидуално управувано портфолио со околу 1.900 клиенти и со тоа ќе ги зголеми средствата на управување на 46 милиони евра и 3.900 клиенти.

Генерали Инвестментс АД Скопје останува цврсто закотвена на пазарот на капитал во земјава и со оваа аквизиција ја зацврсти својата позиција како едно од најдобрите друштва за управување во регионот. Под групациските закрила на Генерали Инвестментс, се отвараат вратите за уште појак локален и интернационален развој и проширување на производите и услугите за клиентите рече Luka Podlogar, Претседател на одборот на директори на Генерали Инвестментс АД Скопје.

„Ние ги интегрирваме нашето одлично познавање на пазарот на капитал со знаењето за локалниот и глобалниот пазар.  За сите наши клиенти наша цел е да понудиме иновативни и одлично управувани продукти кои се темелат на знаењето, ресурсите и силата на нашата Generali група рече Лазе Камчев, Главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.

Generali е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства. Основана во 1831, таа е присутна во 50 земји во светот со вкупна осигурителна премија од преку 69.7 милијарди евра во 2019. Со скоро 72.000 вработени обезбедува услуги за 61 милион клиенти. Групацијата е лидер во Европа, но и континуирано го зголемува учеството во Азија и Латинска Америка. Амбицијата на Generali е да се биде “животен- партнер” на своите клиенти нудејќи им иновативни и персонализирани решенија благодарениe на својата дистрибутивна мрежа. Generali Investments управува со 630 милијарди евра глобално и 23 милијарди евра во земјите на централна и источна Европа поради што е една од најголемите компании за управување со средства во овој регион.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години