06 Мај, 2024
0.0241

OНЛАЈН УЧЕЊЕ: Во Европа е тренд, но Балканците не го практикуваат

Објавено во: Економија 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Податоците кои ги објави Евростат покажуваат дека во Европа, луѓето практикуваат учење преку онлајн курсеви со цел да го зголемат своето знаење.

Од 2010 година наваму има голем напредок на ова поле.

Во 2019 година, 8 отсто од луѓето на возраст од 16 до 74 години во Европската унија (ЕУ) пријавиле дека учеле од курс преку Интернет во последните 3 месеци пред истражувањето.

На врвот се скандинавските земји. Меѓу земјите членки на ЕУ, се издвоија Финска и Шведска. Во 2019 година, во последните 3 месеци 21 отсто од луѓето на возраст од 16 до 74 години во Финска следеле курс преку Интернет, а во Шведска ова учество било 18 отсто. По нив следат Шпанија (15 отсто), Естонија (14 отсто), Ирска и Холандија ( 13 отсто).

„Многу мои колеги и пријатели се запишани на online курсеви, понудени од различни универзитети во Шведска. Ваквиот начин на учење е многу популарен, бидејќи овозможува следење на сите активности без физичка присутност и воедно се заштедува на време. Најчеста причина е интерес за одредена област или усовршување на некоја вештина. Институциите нудат широк спектар на програми и курсеви, со добра структура и организација, што придонесува за високиот процент на луѓе коишто учат од дома“, вели Зорана Андоновиќ, Македонка која студира во Шведска.

Сепак, Балканците имаат поинакви навики и многу помалку учат онлајн за разлика од граѓаните на ЕУ.

На Балканот, Грците подобро котираат од Хрватите и Словенците кога е во прашање следењето на онлајн курсеви.

Но, курсевите преку Интернет не биле вообичаени во Бугарија  каде вакво нешто практикувале само 2 отсто, во Романија (3 отсто) и во Латвија (4 отсто).

Росана Стаменкова, која работи моментално во шведска компанија, а дел е и од фриленсерството вели дека следела курсеви онлајн, и според неа тоа е практичен и флексибилен начин за да се стекне знаење, кое потоа отвора многу врати за вработување.

„Нуди напредок во кариерата и хоби бидејќи  учењето преку Интернет ви нуди поголема флексибилност. Можете полесно да работите и да одговорите на вашиот распоред на работа, и вашите хобија многу професионално и одговорно.  Во истражување кое е спроведено од The Learning House, 44 отсто од студентите кои учеле на Интернет покажале подобрување при вработувањето, а 45 отсто пријавиле зголемување на платата. Имате флексибилен распоред затоа што ја избирате својата средина за учење, која ќе биде најдобра за вашите потреби, на пример вашата соба, локалот на улица и слично. Не трошите време за патување, што значи помалку време во автобус и повеќе време за учење. Во зимски услови не мора да се грижите за снежното невреме и за пропуштениот важен час“, раскажува Стаменкова.

Додава дека овој начин на учење чини поевтино, нуди самодициплина, и различен спектар на теми кои ве интересираат.

Од анкетата за 2017 година и анкетата за 2019 година, уделот на луѓе кои следат курсеви преку Интернет се зголемил во огромно мнозинство на земјите-членки на ЕУ. Најостриот пораст е забележан во Ирска, од 4 отсто во 2017 година на 13 отсто во 2019 година.

Во време на пандемијата додека луѓето се дома, се советува со помош на онлајн курсеви да ги зголемат знаењата и вештините.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години