Добивај вести на Viber
Водечки германски економски институти предупредуваат на голема опасност, односно економска рецесија во нивната земја.
"Кризата во еврозоната негативно влијае врз економската активност во Германија", предупредуваат IFO Минхен, IFW, IW и RWI во заедничките прогнози кои ги објавуваат два пати годишно.
Во првиот квартал на оваа година, германската економија порасна за 0,5 посто во вториот 0,3 посто, но во моментов голем број на индикации покажуваат дека вкупниот економски раст ќе ослабне многу кон крајот на годината", заклучуваат тие.
Нивните прогнози ја намалија стапката на раст оваа година од 0,9 посто, а за оваа пролет, на 0,8 посто. Прогноза за следната година се намали за половина, од 2-1 посто.