02 Мај, 2024
0.0266

Организацијата на работодавачи на Македонија одбележа 10 години постоење

Објавено во: Економија, Стил 10 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

На конференцијата организирана по повод 10-годишниот јубилеј на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), беше реафирмирана определбата на ОРМ да биде активен чинител во креирањето на економско-социјалната политика во земјата, преку нејзиното учество и давањето реален придонес во работата на Националниот економско-социјален совет, но и преку самностојно дејствување за теми кои се во интерес на работодавачите и бизнисот во целина.

„Како најголема и единствена репрезентативна организација на работодавачите во земјава, Организацијата на работодавачи на Македонија, како и во изминатите 10 години, така и во иднина, ќе продолжи посветено и енергично да ги промовира и застапува интересите на своите членки во општеството, особено преку социјалниот дијалог со Владата и синдикатите“, истакна претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Toj нагласи дека oрганизацијата останува отворена за соработка со институциите, синдикатите, академската заедница и граѓанското општество во изнаоѓање ефикасни решенија и креирање развојни политики кои ќе овозможат раст на бизнисот и домашната економија, нови работни места и перспектива за младите, како и социјална сигурност за сите граѓани.

327867

Во рамки на одбележувањето на 10-годишнината на ОРМ беа доделени и дваесетина благодарници за особен придонес и исклучителни залагања во работата и успехот на организацијата, а беше организирана и дебата на тема „Учество на државата во економскиот систем на Република Македонија“.

Во Организацијата на работодавачи на Македонија членуваат над 1000 компании од 15 сектори со повеќе од 70 000 вработени. ОРМ е единствената репрезентативна организација на работодавачи од приватниот сектор која, заедно со Владата и синдикатите, го сочинува Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело за социјално договарање и креирање политики.

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?