ОШТЕТЕНИ ШТЕДАЧИ ОБВИНУВААТ: Фирмите должници на Еуростандард не биле кредитоспособни за кредитите што ги добивале
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2021
Не враќале кредити, а не биле ни кредитоспособни да добијат од Еуростандард, обвинуваат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.
Преку соопштение до јавноста, тие истакнуваат дека финансиските биланси покажуваат дека се работи за фирми кои не само што се презадолжени, туку имаат и финансиски загуби во минатите неколку години, обврски кои се десеткратно поголеми од капиталот и резервите на фирмите должници.
Потенцираат дека кај поголемиот дел од фирмите должници нема регистрирани приходи со години и истите се пред затворање додека има и такви со големи суми долгови кон УЈП и блокирани сметки.
-Постојат и фирми за кои е покренато и стечај, не се солвентни. Фирмите давале и обични меници како единствено обезбедување за кредитите, кои немаат ниту клаузули за правосилност и извршност-истакнуваат оштетените штедачи по банкарскиот скандал во Еуростандард.
Меѓудругото, посочуваат дека скандалот што се случи е организиран криминал од големи размери и искажуваат надеж дека државата ќе ги врати нивните пари а криминалците ќе ги казни .
Прочитајте и за:
*
КОСТОВСКИ: Моите информации говорат дека во првите четири месеци стечајната маса е енормно зголемена