27 Април, 2024
0.0309

Зошто „Макпетрол“ е првиот тест за новиот јавен обвинител Љубомир Јовески?

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Членот 272 од Закон за кривична постапка предвидува дека јавен обвинител и правосудна полиција дејствуваат, меѓудругото, и по допрен глас. Ќе го слушне ли новиот обвинител допрениот гласот од претседателот на Управен одбор на „Макпетрол“? Еве јавно го прашуваме новиот државен обвинител Јовески.  Оти видовме дека во ноември ЈО работеше по допрен глас на владин функционер изнесен на прес конференција и во уште еден друг случај. А има ли разлика меѓу прес конференцијата на владин претставник и на човекот што води една од трите најголеми компании во земјава? Ќе покаже ли новиот јавен обвинител дека секој допрен глас исто вреди? Ова е јавна понуда до Јовески за интервју за „Фактор“

Љубомир Јовески, новиот државен јавен обвинител има шанса да покаже дали до него допрел гласот на првиот човек на „Макпетрол“ кој на прес конференција јавно посочи дека највисоки државни органи контролираат криминал со нафтени деривати. За Јовески во фелата велат дека е професионалец  посветен на својата работа кој живее скромно и чесно. Сега новиот јавен обвинител има шанса да покаже дека ќе промени работи во работењето на тој ресор што е од суштинско значење за борбата против корупцијата.

„Фактор“ повеќе од три месеци се обидува да го држи отворено ова прашање кое ја засега целата македонска јавност во октомври одби да одговори конретно на нашите прашања дали се исполнети законските услови да реагираат по допрен глас за прес конференцијата на Јосифовски одржана на 19 септември. Јавното обвинителство не одговори конкретно на прашањето на „Фактор“ дали ќе постапи по допрен глас и ќе ги истражи наводите на Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ кој на 19 септември годинава јавно кажа дека „највисоки државни органи го контролираат криминалот со нафтени деривати“.

Еве како досега (не) реагираа колегите на Јовески...

На прашањето од „Фактор:“Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста Ве молиме да ни одговорите дали ќе превземете мерки да ги испитате наводите на Андреја Јосифовски изнесени за прес конференција одржана на 19.9.2017 година на која според објавеното на Телевизија Телма тој изнесе наводи дека цитираме: највисоки државни органи со години наназад контролираат криминал во бизнисот со нафтени деривати?  Наводите се изнесени на следниот линк .Службата за односи со јавност на Јавното обвинителство на РМ на овој мејл достави одговор што го објавуваме во целост: „Јавното обвинителство на Република Македонија внимателно ги следи сите информации и ќе постапува секаде каде што ќе утврди постоење на елементи на сторено кривично дело. Во истовреме, лицата кои имаат информации за евентуален криминал во бизнисот со нафтени деривати во секое време можат истите да ги пријават во Јавното обвинителство и да ги поткрепат со детали за своите сознанија.“ Толку. На тоа и останаа.

На овој мејл „Фактор“ веднаш достави прашања до службата за односи со јавност на Ј.О. кои ги објавуваме:

- Почитувани, заради тоа што во претходниот мејл не добивме конкретен одговор на прашањето, во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста Ве молиме во најкраток рок да ни одговорите на следниве прашања:

1.Дали Јавното обвинителство, во рамки на своите обврски и законски надлежности, превзеде мерки по допрен глас по прес конференцијата на г-дин Андреа Јо-сифовски на 19 септември кога јавно пред медиуми соопшти дека цитираме: „Да не се лажеме. Криминалот во нафтениот бизнис со години е контролиран од највисоките органи во државата„?

2. Дали ОЈО ќе го повика г-дин Јосифовски да даде изјава или е потребно г-дин Јосифовски самоиницијативно да дојде во ОЈО? 

Ве молиме за конкретни одговори за овој конкретен случај.

Иако беше најавено дека ќе се потрудат да ни одговорат до 18 октомври уште ги чекаме нивните одговори.

Заради тоа што нема одговор од Јавното обвинителство „Фактор“ со цел објективно и целосно информирање на јавноста  ги достави следниве прашања и до Советот на јавни обвинители:   

„- Дали Јавното обвинителство преку Основното јавно обвинителство Скопје треба да постапи по допрен глас врз основа на член 272 од Законот за кривична постапка, а по повод на прес конференцијата на г-дин Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол“ кој на 19 септември јавно пред дестина медиуми рече дека „Највисоки државни органи го контролираат криминалот со нафтени деривати“?

Ве молиме за конретен одговор. Воедно ви го доставуваме одговорот што го добивме од Јавното обвинителство на 16.10..2017 година во кој не одговорија конкретно на горепоставеното прашање.“

Советот на јавни обвинители не одговори на конкретното прашање.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“