ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан
Објавено во: Македонија 19 Април, 2024
Владата ќе ги цени постапките на Србија и ќе одлучи за иднината на „Отворен Балкан“, вели шефот на дипломатијата и претседателски кандидат Бујар Османи.
Тој изјави дека доверливите информации што ги има за случувањата на 24 септември во Бањскo, Косово, ќе ги предаде на Владата, која потоа треба да одлучи за судбината на иницијативата Отворен Балкан. Османи вели дека Владата треба да одлучи дали евентуалната вмешаност на Србија во терористичкиот напад од септември е во спротивност со принципите на Отворен Балкан како иницијатива која, според него, ја поддржуваат и Европа и САД.
„Доколку има директна инволвираност на Србија, тоа е во спротивност со еден од столбовите, оној на помирувањето. Бидејќи сум министер за надворешни работи на НАТО, имам дополнителни информации, ќе информирам на затворена седница на Владата и потоа Владата треба да оцени дали се коси однесувањето на државите по овие два принципа: помирување и меѓусебно почитување“, рече Османи.
Сепак, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ се изјаснија дека оваа иницијатива е корисна.Во Отворен Балкан членуваат Македонија, Албанија и Србија.
фото Фејсбук/Бујар Османи