02 Мај, 2024
0.0296

Основниот суд му забрани на „Скопски пазар“ да купува сопствени акции!

Објавено во: Економија 04 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Станува збор за 2,5 милиони евра кои директорот и голем акционер Давитковски сакаше да ги резервира за откуп на сопствени акции Судот по тужба на најголемиот акционер „Современ дом“ времено ги замрзна одлуките за продажба на сопствени акции и за купување други сопствени акции со пари на акционерите. Имено, замрзнати се вкупно седум одлуки од собранието одржано на 24 април годинава. Скопскиот Основен суд 2 му забрани на „Скопски пазар“ да ја спроведе одлуката со која планираше 150 милиони денари (2,5 милиони евра) да ги искористи за откуп на сопствени акции. Скопскиот суд оваа времена мерка ја донел по тужба на „Современ дом“ најголем поединечен акционер во „Скопски пазар“. Судот ги прифатил аргументите на „Современ дом“ дека акционерското собрание било свикано спротивно на измените на Законот за трговски друштва. Судот констатира дека акционерското собрание на оваа компанија е свикано порано од предвидениот рок, а со примена на усвоените одлуки може да се направи голема штета на акционерите во „Скопски пазар“. Во директна корелација со оваа одлука се и следните одлуки за кои воедно скопскиот суд времено му забрани нивно спроведување на „Скопски пазар“. Тоа е одлуката за отуѓување сопствени акции по пат на јавна понуда како и одлуката за купување на сопствени акции по пат на јавна понуда. Каде е „кечот“? Во случај судот да не донел времена мерка забрана „Скопски пазар“ би можел да ги понуди на јавна продажба тие 11 отсто од акциите кои и сега ги има во сопствен откуп. Доколку ги понудел по висока цена тешко дека некој би покажал интерес да ги купи. Тогаш би следело нивно поништување. Во тој случај, како и пред неколку години кога поништија акции, најдобитни би биле акционерите од семејството Давитковски затоа што ќе се намали вкупниот број на акции со право на глас и истовремено пропорционално за тој износ ќе се зголеми нивното учество во структурата на акции со право на глас. По тоа би можело „Скопски пазар“ да купи нови акции кои ќе бидат во сопствен откуп. И со тоа Давитковски повторно би биле во предност пред сите останати акционери. Со оваа одлука за распределба на оданочените средства од акумулираната добивка остварена од претходни години беше предвидено 150 милиони денари да се користат како резерви за откуп на сопствени акции, уште 60 милиони денари да се користат како резерви за вложување во инвестициски фондови и 2,85 милиони денари да се искористат како дивиденда за приоритетни акции во „Скопски пазар“. Судската одлука за забрана за купување на сопствени акции од парите на акционерите е само една од седум те кои овој суд времено ги поништи, а се донесени на акционерско собрание на „Скопски пазар“ одржано на 24 април годинава. Судот одлучи времено да му забрани на „Скопски пазар“ да ја спроведе и одлуката за исплата на дивиденда и утврдување на датуми за исплата на дивиденда, како и одлуката за распределба на добивка и за употреба на чистата добивка за 2015 година. Во забранетите одлуки влегуваат и одлуката за враќање на средствата од резервите за откуп на сопствени обични акции и од резервите за вложување во инвестициски фондови во средствата за акумулирана добивка. Основнио суд времено ја поништи и одлуката за овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи за 2016 година. „Современ дом“ за вонредното акционерско собрание кое ќе треба да се одржи на 28 јули веќе има побарано точка со дневен ред на кое ќе се бира нов ревизор кој треба да ги детектира сите финансиски махинации на менаџментот на „Скопски пазар“, за кои барем досега амин даваа и Управниот и Надзорниот одбор. Она што е карактеристично за овој случај кој допрва ќе добива своја правна разрешница е што „Современ дом“ досега е единствен пример во земјава – најголем поединечен акционер да биде опозиција во компанијата во која поседува акции. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?