02 Мај, 2024
0.0253

Откриени две нови планети со можни услови за живот

Објавено во: Стил 20 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Астрономи открија две нови планети, кои најверојатно имаат услови за живот. Телескопот „Кеплер“ откри четири нови светови кои кружат околу ѕвезда „Црвено џуџе“. Тоа е со значително помала од големината на нашето Сонце. Ѕвездениот систем се наоѓа на 400 светлосни години од Земјата. И четирите откритија на научниците се поголеми со просек 40% од нашата планета Земја. Планетите најверојатно се карпести. Ѕвездата им е значително ладна од Сонцето, а температурите на површината се слични со регистрирани на Земјата, пишува Франс прес. Телескопот „Кеплер“ открил вкупно 104 нови планети надвор од Сончевиот систем. Научниците коментираат дека разновидноста на планетите е импресивна. „Откривме планети во орбитата околу ѕвезда, кои немаат еквивалент во Сончевиот систем. Голем број планети, чии димензии се двапати поголеми од земните, орбитират толку блиску до ѕвездата каде температурата на површината може да надмине 1000 степени Целзиусови“, раскажува астрономот Еван Суникоф од Институтот за астрономија во Хаваи. Потсетуваме дека од почетокот на 2009 година телескопот „Кеплер“ открил над 4600 планети. Потврдено е откривањето на 2326 од нив. Мисијата на телескопот заврши во 2013 година, но подоцна беше вратена, за да се истражуваат многу нови и далечни галаксии.