Ова е куќата каде одекнале куршумите кои го ликвидираа семејството Поцеста
Објавено во: Свет 06 Септември, 2018
Не престануваат пишувањата во италијанските медиуми за убиството кое ја потресе Македонија.
Последните детали од истрагата велат дека Блерта Поцеста е главна осомничена за злосторството на родителите и помалата ќерка.
Но, кој е мотивот за чинот кој ја натерал да посегне по пиштол и да ги убие родителите на спиење ?
На почеток кружеа информации дека причината била имотни прашања, па пари, и последна според која Поцеста ги убила најблиските е дека не и дозволиле да се омажи за Италијанец.
Истрагата на италијанската полиција бележи дека Блерта кажала оти масакрот го направила бидејќи родителите не и дозволиле да се омажи за Италијански граѓани.
Потврдено е дека имала двајца соучесници а откако ги убила родителите заминала за Италија.
Осомничената е во 30 дневен притвор, и во Италија се водела како лице зависник од дрога и конзумирала наркотични средства.
Ова е домот каде се убиени сопружниците Поцеста и нивната 14 годишна ќерка, а форензичарите внатре нашле траги само од осомничената Блерта.