27 Април, 2024
0.0268

Ова е најдоброто црвено вино на светот за 2016 година

Објавено во: Економија, Балкан 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

На неодамнешното претставување на хрватски вина во Белград и Нови Сад, најголема ѕвезда беше она со етикета Veralda Istrian 2015. 

Според оценките на угледното оценување Decanter 2016, најдобро црвено вино од една сорта е тоа и е во ценовен ранг над 15 британски фунти. 

Посетителите имаа можноста да го вкусат виното кое е со ознака  „Platinum – Best in Show“, а беа кажани и неколку зборови за авторот и сопственикот на ова вино, Лучиано Висинтино. 

Приказната за ова вино е единствена, посебно затоа што се работи за грозје од првата берба од лозјето Винари на Истра. Сонцето го користат максимално, посебно за сортатa теран која има киселина и ја берат подоцна. 

Што направил Лучиано во своето лозје?

Младата лоза, големиот род кој најчесто се занемарува или виното се расточува, тој ја исекол и ја оставил да се суши во лозјето. Виното кое од тоа го добил го освоило светот!. 

„Докажавме дека не мора да биде старо лозје, стара берба за да биде виното шампион како што нè учеа.  Во винаријата правиме вино од две сорти и тоа на начин како што мислиме дека треба. Го правите најдоброто што нашата земја може да ни го даде. Не се лутиме за ништо. Французите се обидоа да нè научат како се прави вино на француска земја, но оваа нашата е поинаква и се докажа дека не мора да ги следиме за да направиме нешто најдобро“ - вели Лучиано. 

Колегите велат дека тој и негово семејство се вистински бунтовници. Ако другите прават розеви и суви вина, тој прави полусуви. 

„Мора да бидеш тврдоглав и да постапиш како што мислиш. Другите нешто знаат, но ние го менуваме светот. Мораш да бидеш малку луд за да го менуваш светот“ - додава тој. 

Вината по поволна цена се пуштени во продажба од декември 2015 година. 

Реакциите биле добри и виното брзо се продало. 

Откако стигнало признанието продадени се уште 18.000 шишиња , но овој пат по цена од 25 евра. 

Лучиано сакал да извезува за Канада, но оттаму прашале кои награди ги има виното. Одговорил дека е тоа младо вино и дека нормално е да немаат награди. На прашањето кои награди ги ценат, одговориле Decanter, по што тој спакувал 4 вина, се пријавил и добил 4 медали. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра