12 Мај, 2024
0.0635

Ова е тајната за успех во инвестирањето на Бафет

Објавено во: Стил, Финансии 05 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Ворен Бафет често истакнуваше дека просечните инвеститори треба да се докажуваат, „да се прошируваат“ така што ќе инвестираат во индекс фондови.

Според Бафет една од најдобрите можности за инвестирање во долг рок пред индивидуалните инвеститори е насочување на средствата кон индексен фонд, базиран на широкиот американски индекс S & P 500, со користење на стратегијата за месечно додавање на одреден износ. Дел од магијата на оваа стратегија е фактот дека не е потребно инвеститорите да имаат особено искуство и знаење за берзите, за да инвестираат успешно и дури да бидат суштински дел од професионалните портфолио менаџери. Така инвеститорите ќе имаат широко насочено портфолио составено со ниска потрошувачка и изложеност кон пазарната презентација. Приносот на сличен род на стратегија во историски план е околу 9.5%.

Ворен Бафет не верува дека постои инвеститор кој сака да генерира повисок од пазарниот принос, треба да го диверзификува паричникот.

„Диверзификација е заштита од рамнодушноста. Таа е безсмислена за луѓе кои знаат што прават“ е еден од познатите цитати на генијалниот инвеститор.

„Широката диверзификација е потребна само во случаите кога инвеститорите не разбираат што прават", смета уште Бафет. Според него инвеститори кои ги насочуваат средствата кон прекумерно голем број компании, излегуваат од сферата на надлежност и ја губат интензивната концентрација која би ја имале ако инвестираат во мал број „големи бизниси“.

Бафет за големите можности во животот

Ворен Бафет смета дека во животот обично не ни се обезбедени многу можности. Кога видиме таква и имаме шанса да направиме нешто големо, сепак, ние сме должни да го направиме. Да се плашиме да ја искористиме можноста која ни се дава, според Бафет, е речиси исто, како воопшто да немаме корист од неа.

Во однос на инвестирањето Бафет ја дава следнава аналогија. Инвеститорите треба да инвестираат сеедно дали имаат карта за чекирање со опција да се чекират само 20 пати. Секој пат кога ќе се направи инвестиција, тие треба да прават едно чекирање. Така, ако знаат дека имаат ограничувања на бројот на инвестициите, тие многу внимателно ќе бројат и ќе размислуваат за секоја една од нив.

На пример ако инвеститор отиде на коктел забава и чуе за некоја компанија, чие име не може да го изрече и чиј бизнис не го разбира, тој едвај ќе ја користи картичката за да се обидува да прави пари од оваа компанија. Постојат многу искушенија за инвеститорите, на кои тие треба да одолеат - особено за време на пазари, коментира Бафет.

Искушенијата стануваат уште поголеми од лесниот пристап до берзите преку онлајн трговијата. Инвеститорите едноставно кликаат на одредена акција и ако нејзината цена се зголеми, тие заработуваат пари. Ова води до возбуда и тие го прават тоа следниот ден и повторно и повторно. Значи сепак не можете да очекувате да правите пари во долг рок, смета Бафет. Ако имате сепак карта за чекирање со 20 можни чекирања, и ако знаете дека нема да добиете друга до крајот на својот живот, тоа ќе ве натера да размислувате многу сериозно, пред да ја направите секоја своја инвестиција. И најверојатно нема ни да ги користите сите 20 можности во животот, смета Бафет.