30 Април, 2024
0.0268

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

Објавено во: Свет 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Американскиот магазин „Тајм“ денеска објави листа на 100-те највлијателни луѓе за 2024 година, на која се најдоа сопругата на починатиот руски опозиционер Јулија Навални, кинескиот премиер Ли Кианг, полскиот премиер Доналд Туск, аргентинскиот претседател Хавиер Милај и италијанската премиерката Џорџа Мелони беа вклучени во категоријата водачи.

Покрај нив, меѓу највлијателните лидери се и бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА Вилијам Барнс и началникот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

За највлијателни личности на американскиот весник беа избрани и јапонскиот режисер Хајао Мијазаки, британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, британскиот актер Дев Пател и австралиската пејачка Кајли Миног.



Победниците традиционално се класифицираат во неколку категории, од новодојденци до титани, а на листата на 100 највлијателни луѓе се наоѓа и палестинскиот фоторепортер Мотаз Азаиза, кој помина речиси четири месеци документирајќи го животот во Газа по ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт.

На листата на влијателни луѓе се и американскиот рапер 21 Savage, нигерискиот музичар Бурна Бој и американската филмска режисерка Софија Копола.

Меѓу највлијателните 100 луѓе се најде и канадскиот актер Елиот Пејџ, кој во 2021 година стана првиот трансродовиот маж кој се појави на насловната страница на магазинот Тајм.

На листата се најдоа и американскиот актер Колман Доминго, кој играше во ТВ сериите „Еуфорија“ и „Стравете се од мртовецот што одат“, канадско-американскиот актер Мајкл Џеј Фокс, познат по улогата на Марти Мекфлај во филмот „Враќање во иднината“, како и холандскиот Формула 1 возач Макс Емилијан Верстапен.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург