07 Мај, 2024
0.0233

Ова се десетте најпосетени градови во светот

Објавено во: Стил 21 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Британската компанија Euromonitor направи листа на најпосетени градови во светот.

Добиените податоци се однесуваат за 2014 година, а на прво место е Хонг Конг со 27.7 милиони посетители. Ова беше изненадување за читателите. Овој град шеста година по ред бележи вакви резултати.

На второ место е Лондон, на трето Сингапур, четврто Банкок, петто Париз, шесто Макао, седмо Шенџен, осмо Њујорк, девето Истанбул и десетото место е за Куала Лумпур.

Градови кои претходно имале добра позиција, но сега имаат пад се Киев и Санкт Петербург.

Меѓу првите 100 градови во светот, најголем напредок има Рио Де Жанеиро, град кој за 47% го зголемил бројот на туристи.

Настани од светски ранг, првенства, војни можат да влијаат позитивно или негативно на посетеноста на одредени градови.