Овој град има само една зграда, а речиси никогаш не го напуштаат неговите жители
Објавено во: Свет, Стил 23 Март, 2016
Малото градче Витиер во Аљаска вкупно брои околу 200 жители и сите живеат во една истра зграда.
Таа е наречена Begich Towers, изградена во 1956 година, за да служи како касарна.
Нејзините жители можат да останат дома во текот на целиот свој живот и ретко излегуваат.
За да се избегне судир со екстремните временски услови надвор, во зградата има буквално сè, вклучително: пошта, полициска станица, перална, самопослуга, здравствена клиника, па дури и кино.
Во зградата се наоѓа и кабинетот на градоначалникот, има црква во подрумот и хотел на последните два спрата
. Училиштето е надвор од зградата, но е поврзано со неа со подземен тунел, па децата исто така можат да избегнат контакт со надворешниот свет.