02 Мај, 2024
0.0249

Шахпаска: 10 дена рок за разгледување на жалбите и приговорите за помошта од 6.000 денари

Објавено во: Економија 25 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција рече дека рокот за разгледување на жалбите и приговорите за државната помош од 6.000 денари од четвртиот пакет на мерки насочена кон стотици илјади граѓани има рок на разгледување од 10 дена. Истиот беше затворен на 21 декември.

- Законскиот рок за разгледување на приговорите е 10 дена, а за ова време ќе се изнајде начин како да се исплатат средствата за самохраните родители за кои вчера беше доставен список, рече Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање.

Најголем број на приговори се пристигнати од самохраните родители, а министерката вели дека  исплатата на средствата ќе бидат исплатени на нивните сметки.

- Овие средства од 6.000 денари ќе ги добијат. Постои период на приговори, се разгледуваат жалбите и следниот рок ќе се одлучи на кои ќе им бидат прифатени жалбите и приговори. Ние не се откажуваме на сите да им ги исплатиме парите, наведе Шахпаска.

И самиот премиер Зоран Заев призна дека најголеми проблеми има со исплатата на државната помош наменета за самохраните родители.

- Државата располага со слаба евиденција на самохраните родители и апелирам на максимално широко толкување за тоа што е самохран родител за да може да бидат опфатени сите категории. Во буџетот има доволно пари, рече вчера Заев додека беше во посета на Осогово.




Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?