03 Мај, 2024
0.0384

ПАЛЕСТИНЦИТЕ НЕМА ДА СЕ ПРЕДАДАТ: Нови напади во Појасот Газа

Објавено во: Свет 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Палестина го отфрли „договорот на векот“ кој го предложи американскиот претседател Доналд Трамп. 

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека Ерусалим не е на продажба. Вели дека Палестина сака да преговара не само со Америка, туку со целиот блискоисточен квартет, и тоа се Русија, САД, ЕУ и ООН. Абас рече дека нема да се поклонат и да се предадат. 

„Ние не ја прифаќаме улогата на посредник на САД во решавањето на конфликтот, ние го прифаќаме само меѓународниот квартет и подготвени сме да преговараме, но не и врз основа на предлогот на Трамп“, изјави тој.

Абас кажа дека Палестина инсистира на признавање на границите од 1967 година.

Како што кажа претходно Трамп, „договор на векот“, ако се согласат, ќе им даде шанса на Палестинците да создадат своја држава, како и дека тоа ќе им овозможи да ја удвојат територијата.

Планот предвидува израелска анексија на сите еврејски населби во долината на реката Јордан, а на Палестинците им се нуди самоуправа во Газа, делови од Западниот брег и некои славо населени области на Израел во замена за исполнување долга листа услови.

Израелската војска соопшти дека почнала воздушни напади од „широки размери“ врз воени цели во Појасот Газа.

Нападите се почнати откако палестински екстремисти испукале најмалку три проектили врз Израел, од кои два се пресретнати.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху деновиве го поздрави мировниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи го како „исклучителен“ и дека претставува „реален пат кон траен мир“. 

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место