05 Мај, 2024
0.0239

Парите за вакцините и за платите на СЈО скратија дневници на пратениците и административците

Објавено во: Економија 16 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

За да има пари за вакцините, за надоместоците како награда на медицинските лица, но и за дел од економските мерки Владата одлучи да прераспредели 20 милиони евра од буџетот, пари кои веќе ги имале други институции за други потреби. Прераспределбата на буџетските пари сега чека усвојување во Собранието. Но каде се крати? Според предложениот документ „настрадале“ некои трошоци на Собранието. Се кратат четири милиони денари од трошоците кои Собранието ги имало за патни и дневни трошоци на пратениците. За исто толку пари се намалуват и парите кои биле предвидени за комунални услуги, а еден милион се кратат од ставката договорни услуги и уште два милиони денари од парите кои биле предвидени за привремени вработувања.

Се крати и од Државната изборна комисија – вкупно пет милиони денари од парите кои биле предвидени за опрема и за некои други вложувања. Кај Комисијата за спречување на корупцијата скратени се четири милиони денари, предвидени за градежни објекти.

Но има намалени програми кај Владата – фондот за привремени вработувања се намалува за 3,3 милиони денари. Познајачно е намалувањето кај трансферите и изнесува 140 милиони денари, додека Владата крати и кај економската промоција. Таму патните и дневни расходи се намалуваат за 550.000 денари, а за привлекувањето на странски директни инвестиции и развој на слободната економска зона има за 120 милиони дeнари помалку. Владата одлучила да намали и кај туризмот, но и кај поддршката на инвестициите – дури 125 милиони денари. Програмата за аерозагадувањето во делот на купување опрема и машини се скратува дури за 20 милиони денари.

Сепак има одредени намалувања и кај јавната администрација па се крати кај Министерство за политички систем, за плати ама минимално, но и кај некои договорни услуги..

Такви кратења односно намалување на сумите за плати, надоместоци, комуналии, опрема има и кај повеќето министерства меѓу кои и надворешни работи, одбрана, економија, труд и социјална политика. Има намалувања дури и во Министерството за здравство иако генерално прераспределбата е за здравствени потреби, па скратени се трошоци за опрема во повеќе јавни здравствени установи и минимално кај изградбата на Клиничкиот центар во Скопје и Штип. За таа сметка сепак се зголемува сумата за изградба и реконструкција на административни згради на државни органи - за 620.000.000 денари.

Каде се зголемувањата? – мерки за справување со Ковид ќе чинат 90 милиони денари плус, пари кои одат кај Министерство за финансии. Потоа Дирекција за технолошки индустриски развојни зони -Поддршка на инвестициони вложувања добива за 135 милиони денари поголем буџет. Во Министерство за информатичко општество и администрација во делот за субвенции за јавни претпријатија буџетот се зголемува за 90 милиони денари

За ФЗОМ има плус 185 милиони денари, а за инсулин 82,1 милион денари. Во документот стои дека за поранешното СЈО односно за плати на поранешните вработени има 13.350.000 денари. Кога помина на Влада за прераспределбата оттаму соопштија дека се прави за да се обезбедат дополнителни средства за зајакнување на фондот за набавка на вакцини против КОВИД-19, за исплата на еднократен паричен надомест за медицински лица и помошен персонал, но и за гарантниот фонд и за СЈО.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години