01 Мај, 2024
0.2169

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

Објавено во: Балкан 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Се создаваат тензии во Босна и Херцеговина(БиХ). Парламентот на Република Српска го поддржа извештајот со кој се негира геноцидот во Сребреница.

Во извештајот се негираат судски утврдените факти за геноцидот извршен врз Бошњаците во Сребреница во 1995 година, а тие одлучија да го сторат тоа со цел да ја оспорат резолуцијата за осуда на злосторството во Сребреница, која се очекува да биде усвоена во мај од Генералното собрание на ОН.

„Со ова го подигнуваме нивото на нашата национална свест“, рече претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ.

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик потврди дека ова е одговор на најавата за усвојување на резолуција со која Обединетите нации ќе воведат ден за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Германија и Руанда се формални предлагачи на резолуцијата со која се бара одбележување на 11 јули како ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. 

Здружението на жртви и сведоци на геноцид и Здружението „Движење на мајките од енклавите Сребреница и Жепа“ бараат од правосудните институции во Босна и Херцеговина(БиХ) да ги гонат српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, за негирање на геноцидот.

Велат дека изјавите на двајцата политичари биле скандалозни. 

Во јули 1995 година, во Сребреница е извршен геноцид врз Бошњаците. Се проценува дека силите на Армијата на Република Српска убиле повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња во и околу градот за само неколку дена. 

Можеби ќе ве интересира

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот