28 Април, 2024
0.0821

ПАУЛОВНИЈА БИЗНИС: Како растат дрвата, така расте и интересот!

Објавено во: Агробизнис 16 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Македонските одгледувачи на кинеското дрво Пауловнија (Paulownia), ќе формираат здружение, за организирано да настапат на пазарите за пласман на ова профитабилно дрво. Интересот за одгледување на брзорастечката Пауловнија расте. Во моментов има 20 земјоделци кои активно се зафатени со овој бизнис и уште толку кои имаат помалку садници за пробно одгледување. Фактот што за одгледувањето на ова дрво нема големи трошоци а светските пазари е меѓу најбараните дрва за производство на мебел, е доволна причина за зголемување на површините засадени со ова дрво. Првиот земјоделец кој лани ги засади првите садници од ова дрво, за што Фактор веќе пишувашеДанаил Паланков од струмичкото село Муртино,  сега е во подготвка на веб страна под називот “Пауловнија Македонија”. Насади од ова големо дрво со огромни листови веќе можат да се видат по нивите во Прилеп, Струмица, Јегуновце, Скопје, Штип, Гевгелија, Радовиш,  Градско, Неготино. -Следната година очекувам да добијам сертификатот за садниците од Министерството за земјоделство. Тие количини што сега ги имам покажаа дека од дрвата засадени на македонско тло може да се добие производ со врвен квалитет. Секако мене многу ми помогна двегодишното искуство со Пауловнијата, како и искуството од одгледување на земјоделски производи. Сега сум во фаза на регисрација на веб страна и на тој начин планирам да ги повикам сите оние на кои сум им дал садници, да се организираме, да направиме здржение, за заеднички да настапуваме на пазарите а и ќе се обидеме да оствариме и право за земјоделски субвенции. Првото сечење на моите дрва најверојатно ќе биде за 3 до 4 години, затоа што применив една нова техника, со која од едно дрво ќе можам да добијам две стебла од по 4 метри, вели Паланков за Фактор. Садење на Пауловнијата почнува од овој период  па се до април селдната година. Засега Паланков ги снабдува со садници заинтересираните земјоделци. Ги увезувам од лабораторија од Бугарија, аги догледува на неговите површини.Потоа ги продава како едногодишни садници на есен и рана пролет. - За сите што се заинтересирани за семе не се занимавам со тоа, бидејки не сакам да ги лажам луѓето дека од семе ќе израсне добро дрво, ќе чекаат 5-6 години и на крај наместо техничко дрво ке ги сечат како огревно дрво за половина цена, објаснува Паланков. Вложените средства се враќаат брзо  Вложените средства се враќаат со првата берба односно по три години од засадувањето на садникот, што прави ова производство исплатлив семеен агробизнис. Пауловнијата расте еден метар за еден месец, за само две години може да порасне пет метри, а за 7-8 години прави еден кубик дрвна маса, што ја прави конкурентна на другите дрва. Затоа е познато и како брзорастечко дрво, Поради способноста за исклучително брзо време да го развие кореновиот систем, погодна е за засадување на ерозивни терени. После секое сечење на стеблото кое се врши најчесто во седмата или во осмата година, самото се регенерира. - Влогот е околу  2.500 евра за садници и 2500 за садење, орање и има 2500 евра за одржување на хектар. Вложените средства се враќаат со првата берба и веќе сте во добивка.  Од 800 дрва од кои се добива 800 кубика дрвна маса, по најниската продажна од 100 евра, заработката е околу 80.000 евра, и да има нешто потфрлено, и да се се одбие од таа сума инвестицијата, повторно имате солидна заработка. Од друга страна ако не се продаде за мебел, може да се продаде како огревно дрво чија цена е околу 50 евра за кубик,  вели Паланков Тоа што го прави ова дрво атрактивно е фактот што секој дел од дрвото е употреблив, а на светските пазари држи висока цена. Идеално е за производство на мебел, чамци, брикети, музички инструменти дрвени куќи, а листовите се користат во фармацевтската индустрија. Цената на дрвото за дрвната индустрија на светските берзи се движи од 300 до 500 долари метар кубен во зависност од квалитетот и намената. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?