14 Мај, 2024
0.0264

ПАУНОВСКИ: Ги чекаме новите законски решенија за да можеме да затвораме, но високите бројки не доаѓаат само од локалите, туку и од приватните забави

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека пазарните инспектори ги чекаат новите законски решенија кои треба да бидат изгласани од Собранието, за да можат угостителските објекти што ги прекршуваат здравствените протоколи и сами да ги затвораат на 30 дена, и на лице место да изрекуваат парични казни. Дотогаш ќе мораат да работат по старите правила, односно само да изрекуваат кривични пријави.

На прашањето, пак, дали кога некој ќе направи прекршок ќе биде експресно санкциониран, бидејќи сведоци сме дека во изминатиот период одредени ресторани прават свадби, но за жал газдите не се казнуваат, Пауновски одговори дека овие денови, додека Собранието не ги донесе новите законски решенија каде што веднаш ќе пристапуваат кон празнење на угостителските објекти и кон затворање, тие ќе постапуваат согласно досегашната практика, односно поднесување на кривична пријава по членовите 205 и 206 за нарушување на протоколите. 

На прашањето кога конкретно ќе дејствуваат, Пуновски со одговор дека Инспекторатот со досегашното законско решение нема право објектите да ги затвора доколку ги нарушуваат протоколите.

„Нашата единствена надлежност е само да поднесеме кривична пријава до Јавното обвинителство, односно до соодветниот суд. Затоа и се донесени построгите мерки каде што можеме веднаш да го затвориме објектот до 30 дена, а и да изрекуваме на лице место парични казни со платни налози. За тоа ќе мораме да почекаме соодветното законско решение да биде донесено во Собранието и да излезе во Службен весник и веднаш истиот ден ќе постапуваме согласно новите законски прописи“, рече Пауновски на денешната пресконференција.

Додека излезе новото законско решение, Пауновски повика свеста на граѓаните да се издигне на највисоко ниво ако сакаме овие големи бојки на заразени да се намалуваат. 

„Ни една инспекција и полицја не може да излезе на крај ако некој сака да направи некој прекршок. Сепак, ние сме тука сето тоа колку што можеме да спречуваме, а кај некого ако не делуваат казните, не знам што друго да преземеме. Тоа е крајно немање свест кон другите граѓани“, рече Пауновски. 

Тој, сепак, нагласи дека високите бројки на новозаразени не доаѓаат само од угостителските објекти. 

„Доаѓаат и од приватни забави во семејни куќи, викендици, паркови и насекаде каде можат да се заразат“, рече Пауновски.

Во регионот Битола, Прилеп и Ресен имало 550 контроли, во тоа оддление има 7 кривични пријави за нарушување на протоколите. Две пријави се за свадби и два нерегистрирани објекти, како и други санкции.  

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа