fake panerai watches ПЕРСОНАЛЕЦОТ ЌЕ ДОНЕСЕ ПЛУС 63 МИЛИОНИ ЕВРА, А ГОЛЕМИ ПАРИ ЌЕ ДОЈДАТ И ОД ДДВ - власта го објави Буџетот за 2023 година, еве кои се клучните поенти
02 Мај, 2024
0.0254

ПЕРСОНАЛЕЦОТ ЌЕ ДОНЕСЕ ПЛУС 63 МИЛИОНИ ЕВРА, А ГОЛЕМИ ПАРИ ЌЕ ДОЈДАТ И ОД ДДВ - власта го објави Буџетот за 2023 година, еве кои се клучните поенти

Објавено во: Финансии 08 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

На веб страницата на Собранието е објавен Буџетот за идната година.

Пратениците имаат 20 дена да го прочитаат и да почнат да го чешлаат овој најважен економски документ во државата, прво на матичната Собраниска комисија за финансирање и буџет. 

Што може да се забележи од првичниот поглед на државната каса која власта ја скрои за идната година?

Од бројките може да се види дека вкупните приходи ќе бидат на ниво од 4,6 милијарди евра, што е раст за 590 милиони евра во однос на ребалансираниот буџет. 

Ако го погледнеме данокот на личен доход, што е всушност персоналецот, може да се види дека власта таму планира значаен пораст.

Или, од данок на личен доход в година треба да се соберат 431 милиони евра, наспроти 368 милиони евра колку што се предвидени за годинава и тоа со ребалансираниот буџет, што значи дека планиран е раст од над 17 проценти, или зголемување за 63 милиони евра.

Според познавачите, тоа упатуива дека власта е поблиску до воведување на прогресивен данок, иако според неа, во првите шест месеци од идната година тоа нема да се случи.

Од најголемиот полнач на државната каса, ДДВ, ќе се соберат 1,28 милијарди евра, што во однос на ребалансот е раст за 14,7 отсто или за 164 милиони евра. Ова, според експертите, и од причина што се планира висока инфлација, па и таа е вкалкулирана во ДДВ-то. 

На страната на придонесите, пак, исто така е предвиден голем раст, и тоа за цели 154 милиони евра, што според познавачирте, се должи на порастот на минималната плата. 

Или, критичарите велат дека даночната реформа, која, според нив, сепак ќе ја има, како и инфлацијата, ќе го полни државниот буџет. 

Кога станува збор за расходната страна, може да се забележи дека власта, и покрај кризата, не планира да штеди на плати на своите функционери и вработени, па така тие ќе изнесуваат 567 милиони евра или тоа е зголемување за 27 милиони евра во однос на ребалансот на буџетот кога тие тежеле 540 милиони евра.

На страната на расходите може да се забележи и голем пораст на трансферите. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот