11 Мај, 2024
0.0252

Пет работи за кои ќе жалите ако не престанете да ги правите веднаш!

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

За што жалат луѓето кога крајот на нивниот живот се приближува? Тоа е прашање кое корисник на сајтот „Quora“ го поставил неодамна.

Многу од одговорите под неговото прашање се токму такви какви што би можело да се очекува - неверство, пропуштена кариерата можности, недостаток на деца.

Се разбира, добро е човек да знае за големите грешки кои ги следат луѓето со староста, за да внимаваат за слични пропусти.

Нешто прочитано набрзина на интернет сепак едвај ќе има големо влијание врз овие многу лични и сложени аспекти од вашиот живот. Меѓу од наведените работи во Quora за кои луѓето жалат се и неколку помали грешки во животот, за кои веројатно не сте размислувале дека може да жалите на крајот на животот. Тие не само што се мали, но и се релативно лесни за избегнување и вие можете да превземете мерки за нивно избегнување уште денес.

Еве пет од нив:

1. Се обидувате премногу да им угодите на другите

„Никој во целата вселена не е достоен за љубовта е од вас самите“, пишува блогерот и инвеститор Џејмс Алштур. „Посакувам да си спомнував почесто на ова и би го поштедил сето она време во кое се обидував да му угодам на некој друг.„ “Жалам што сум го правел она што ми се кажлое и што се очекувало да го направам“, се согласува авторот Кристофер Пејџ.

2. Се грижите премногу напразно

Тоа е научно оправдано. Во студија на универзитетот Корнел многу од учесниците изјавиле дека им се бара да не поминале толку голем дел од својот живот во грижи. Авторите на студијата слушаат одговори како „Сакав да имам помалку време за грижи“ и „Жалам што се грижев толку многу за сè.“

3. Се концентрирате премногу врз стекнување на нештата

„Откритието дека среќата и задоволството не произлегуваат од хедонистички цели како стекнување на предмети или пари или дури и луѓе може да дојде премногу доцна во животот на многу луѓе“, пишува консултантот Тревор Емдон. Алштур пак советува „Не си купувам предмети“. Наместо тоа „купувам искуства. Искуството е покана за смисла.“  Ова исто така е оправдано од повеќе студии.

4. Не се грижите за физичкото здравје

Изборите кои ги правиме во однос на начинот на живот, се чини дека се премногу важни за да се срамиме, но подоцна ги прават многу луѓе во подоцнежна фаза од нивниот живот. „Посакувам да имав навика редовно да спортувам,“ пишува основачот на компанија Стефани Варвадас, на пример.

5. Не патувате доволно

„Патувајте повеќе кога сте млади, наместо да чекате додека децата ви пораснат или кога ќе се  пензионирате“, е уште еден заклучок од споменатата  погоре студија на Универзитетот Корнел. „Патувањето носи толку бенефиции што треба да е пред сè, за на што младите луѓе трошат пари“, советуваат авторите на студијата.