08 Мај, 2024
0.0246

Пет рајски острови на кои автомобилите не се добредојдени

Објавено во: Стил 15 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Ова се петте острови на кои автомобилите не се дозволени.

Хидра, Грција

Овој остров стана познат во 1957 година затоа што на оваа локација актерката Софија Лорен снимаше филм. Островот има посебен архитектонски статус, и не се дозволени нови градби. Превоз со автомобили не е дозволен.

Холбокс, Мексико

Заборавете го Акапулко, и одморот поминете го на овој остров. Тој се наоѓа североисточно од Јукатан. На овој остров ќе имате чувство како времето да застанало. Холбокс изобилува со пешачки патеки и трошни куќи.

Маретимо, Италија

Овој остров е идеален за одмор и релаксација. Се работи за мало село, каде нема автомобили, а сите жители се знаат меѓу себе. Можете да читате книги, да уживате во убаво капучино. Островот има раскошна флора и фауна.

Принцови острови, Турција

Овој недопрен архипелаг е само неколку км од Истанбул.  Составен е од девет острови, а со оглед на тоа дека нема автомобили, се превезуваат луѓето со запрежни коли и коњи. Владее мир и тишина, а дел од жителите на Истанбул викендите ги поминуваат таму.

Лопуд, Хрватска

Овој остров е близу Дубровник, а до него се стига со траект. Местото располага со убави песочни плажи. Ако го посетите Лопуд, не ги одминувајте и островите Шипан и Колочеп.