03 Мај, 2024
0.0307

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЗА ФАКТОР: „НЕ“ за зголемување на ДДВ

Објавено во: Финансии, Колумни 14 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Најдобар начин да ја прошириш сиромаштијата, а да ги намалиш буџетските приходи е зголемување на даноците. Владината мерка за зголемување на ДДВ, но и најавата за „даночни реформи“, повторно во насока на зголемување на даночните стапки, ќе ни донесе само сиромаштија кај народот, претриемачи кои креваат раце од чесен бизнис и се впуштаат во ризик со даночно затајување и држава со огромна даночна евазија и намалена даночна основица.

Како резултат на истото, инфлацијата ќе расте, квалитетот на животот ќе опаѓа, населението ќе се отселува надвор од државата. Поскапувањето на храната и основните производи за лична хигиена, ќе донесе болести, кои дополнително ќе го уништат и онака уништениот Фонд за здравство. 

Македонски Концепт, како партија која излезот од економската криза го гледа во човечките капацитети на нашите претриемачи, нуди сосема обратен концепт на фискална политика од оваа на власта. За нас, клучно е драстично намалување на даноците и непродуктивните владини расходи, а енормно зголемување на капиталните инвестиции и вработувањето во реалниот сектор.

Доколку продолжи оваа владина политика во јавните финансии, предупредуваме дека нема да се одржи растот на БДП од 2 - 3 отсто, туку ќе дојдеме до негативна стапка, која ќе продуцира продолжена криза за повеќе години во перспектива.

Дополнително, фискалната политика бара подолг временски период за да има повеќе ефекти врз економијата. За да се намали инфлацијата, никој во светот не презема мерки за зголемување на даноците и намалување на јавните инвестициите, само македонската влада тоа го прави. Крајна неспособност и незнаење. Додека донесат одлука за зголемување на државните трошоци, на овие актуелни владини кадри ќе им требаат години за да откријат во која област треба да се потрошат парите. Македонија го нема тоа време, следствено на што е потребна брза промена на Владата.

Владините капитални инвестиции се клучни за создавање побарувачка во економијата, а со тоа и како да се извлечеме од сокриената рецесија која ја имаме. Ако сега направиме рестарт на фискалната политика, има шанси да постигнеме поголем ефект во рок од 5 години, но доколку го задржиме овој курс на владини политики, отворена е можноста да влеземе во длабока рецесија со катастрофални последици во следните 15 години.

Намалување на даноците, не значи правопропорцијаност со намалување на приходите на Владата. Напротив, според нашите проекции, тоа ќе доведе до драстично намалување на сивата економија, зголемување на приходот на оние чии даноци се намалени, зголемување на даночната база, а со тоа и зголемување на приходите во Буџетот. Предвидуваме намалување на даночните стапки, поврзани со ИТ секторот, производството на храна, туризмот и енергетиката. Највисока стапка на персонален данок од 5 отсто, фазно намалување на ДДВ од 15 отсто до оптимални 10 отсто, со што се очекува ефект на драстично зголемување на приходот и потрошувачката кај граѓаните. Тоа е вистинскиот ефект, кој ќе не донесе до пристоен живот за нашиот народ.

Намалувањето на даноците влијае врз економијата, зависно од тоа кој данок ќе се намали. Нашите политики ќе го зголемат расположливиот приход за домаќинствата со низок и среден приход, што секако има огромна веројатност да ја зголемат вкупната потрошувачка, а со тоа дирекно ќе ја стимулираме здравата економија. Не ја исклучуваме веројатноста од првично, изолирано зголемување на државното задолжување, кое се балансира со драстично намалување на владините непродуктивни трошоци или луксузот на власта.

Намалувањето на даноците не значи само намалувања на даночната стапка. Има поинакви даночни промени, што го намалуваат износот на данокот, како даночно одбивања, даночно кредитирање и ослободување за категоризирани бизниси и прилагодувања на даночните стапки согласно стапката на намалување на сивата зона во одреден сектор.

Во моментов во Македонија, нужно е линеарно намалување на даночните стапки од 30 отсто, како почеток на новите фискални политики, кои ќе не извадат од калта во која сме заглавени.

Став на Петар Богојески, докторанд по економски науки и лидер на политичка партија Македонски Концепт.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата