03 Мај, 2024
0.0321

ПЕТЛИЧКОВСКИ ЗА ПРЕВЕНТИВНИТЕ МЕРКИ ЗА КОНГО-КРИМСКО ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА: „Има доволно тестови за оваа болест“

Објавено во: Македонија 15 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Д-р. Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, по денешниот состанок информираше дека нема место за паника и по појавата на третиот заразен пациент со конго-кримска хеморагична треска. Средбата беше иницирана од страна на министерот за здравство, Фатмир Меџити, а освен членовите на Комисијата за заразни болести, присуствуваа и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Факултетот за ветеринарна медицина и од центрите за јавно здравје од Штип и од Велес. Заклучоците, како што истакна д-р Петличковски се во насока на превентивни мерки.

- Информирање на населението и здравствените работници за тоа како се добива болеста, размислување за оваа болест кај кои ќе има сомнителни случаи и брза обработка, односно испраќање сомнителни случаи во институцијата, односно до одделението за инфективна патологија или на Клиниката за инфективни болести, рече Петличковски.

Како што вели, моментално има доволно тестови за оваа болест, а нарачана е и дополнителна количина и се очекува да пристигне.

Тој посочи дека оваа болест не се пренесува лесно, а пренесувањето е исклучиво од крлеж заразен со вирусот.

- Крлежи има особено во летните месеци, а за нивната поинтензивна активност придонесува и глобалното затоплување. Сепак, не секој крлеж е заразен со вирус. Така, не е забрането луѓето да излегуваат на отворен простор, но треба да се предвиди и да се заштититат, нагласи Петличковски.

Покрај тоа, на оваа опасност се најизложени рибарите, ловците и сточарите, како и здравствените работници кои доаѓаат во контакт со телесни секрети од заразените.

Состојбата на пациентите заразени со вирусот, како што информира Петличковски, е добра.

-Третиот пациент, рибарот од Велес, моментално е во добра состојба, но има уште неколку дена во кои може да дојде до промена. Се надевам дека тоа нема да се случи, а ако се повтори, терапијата ќе биде таму. Значи, се надеваме на добар развој и борба, рече Петличковски.

Морбидитетот на болеста, како што рече, е сериозен, но нагласи и дека има различни типови на вирусот, од кои некои се поврзани со висока смртност, а други се ниски.

- Откриваме дека добитокот е постојано изложен на вирусот. Значи, не е вирусот што се појави минатата година, бидејќи истражувањата покажуваат дека едно време над 30 проценти од говедата и овците биле заразени со латентен вирус, односно биле во контакт со вирусот. Но, немаме информации за хоспитализирани случаи предизвикани од овој вирус, што значи дека вирусот се уште е таму, но можно е меѓу стотиците да циркулира поблага варијанта, посочи Петличковски.


Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ