07 Мај, 2024
0.0233

Петнаесет години не дошле на работа и добиле отказ

Објавено во: Стил 03 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Градинар и возач во Андалузија, Шпанија се отпуштени од работа откако 15 години не се појавиле на работното место.

Independent пишува дека овие луѓе кои била вработени преку градската власт воопшто не работеле во новиот милениум.

Од секторот за човечки ресурси мислеле дека овие двајца работници не дошле на работа од јануари лани до мај годинава, но кога почнале да проверуваат испаднало дека тие цели 15 години не дошле на работа, а уредно добивале плата.

Се смета дека тие „одморот“ го почнале на основа на премолчан договор со градските власти, бидејќи имале акумулирани денови.

Но, во службеното соопштение се наведува дека тоа не го оправдува фактот дека не доаѓале на работа цели 15 години.

Апсурдно е што синдикатот им нуди заштита затоа што добиле отказ.

Откриени се и други неправилности при што имало полицаец кој лани бил на работа само 96 дена, друг само 66 и трет 47 дена.