04 Мај, 2024
0.0275

Петровска од кралскиот институт РУСИ: Силна осуда на руската инвазија врз Украина

Објавено во: Македонија 07 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Целосно ја осудуваме руската инвазија на Украина. Северна Македонија заедно со сојузниците во НАТО дава силна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нападот од Русија е повреда на меѓународното право и на човековите права во Украина, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на тркалезната маса која се одржа денеска во кралскиот институт РУСИ (The Royal United Services Institute) во Лондон, Обединетото Кралство, на тема „Современи безбедносни закани и нивното влијание врз Западниот Балкан“.

Петровска истакна дека листата на безбедносни закани денес е навистина широка со акцент на  зголемените сајбер и хибридни закани. НАТО – Алијансата е здружена и работи заеднички да ги пресретне сите безбедносни закани. 

„НАТО има јасен одговор на сите безбедносни закани – ние ја зголемуваме нашата подготвеност за одбрана и одвраќање и ги поддржуваме меѓународните напори за стабилност и безбедност на глобално ниво“, рече министерката. 

Петровска истакна дека во оваа безбедносна ситуација во Европа, сосема е јасно значењето на членството на Северна Македонија во НАТО. 

„Како политичари ние треба да имаме јасна слика што ќе значат чекорите што ги преземаме за иднината на земјата. Денеска е јасно колкава е важноста на членството на Северна Македонија во НАТО за безбедноста на граѓаните, и колкаво е значењето на чекорите што Владата ги презеде за да ја реализира оваа стратешка цел“, рече Петровска.

Министерката Петровска рече дека во оваа насока особено е важно да се забрза процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ бидејќи интеграцијата има сериозен безбедносен елемент. 

„Во ваков момент на безбедносни предизвици неопходна е јасна интеграциски перспектива на Западен Балкан во ЕУ и расчистување на патот за Северна Македонија кон преговорите, што ќе биде силен сигнал за безбедноста на регионот“, рече министерката.

Петровска информираше дека Северна Македонија, ангажирајќи ги сите потребни институции и Владата во октомври 2021 година донесе Стратегија за градење на отпорност и справување со хибридни закани и дека воспостави блиска соработка со НАТО и Европската Унија на ова поле.

На тркалезната маса учествуваше и Џонатан Ејал, меѓународен директор во РУСИ кој порача дека светот, а особено Европа се соочува со безбедносна криза досега невидена во поновата историја на континентот и дека потребно е да надвладее разумот и воените интервенции да се заменат со разговори и искрен дијалог. Тој го поздрави ставот на Северна Македонија за осуда на воените дејствија во Украина во линија на сојузниците, како и потребата од забрзувањето на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Кралскиот институт РУСИ е независна тинк-тенк организација фокусирана на областа на одбраната. Институтот е формиран во 1831 година и речиси два века претставува платформа за дискусија и анализа на светските одбранбено – безбедносни текови.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра