03 Мај, 2024
0.0252

ПЛАНИРАЈТЕ УШТЕ СЕГА: Осум незаборавни места за патувања ова лето!

Објавено во: Стил 06 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Некакви летни планови? Не? Летото ви се чини далеку во времето? Воопшто не е така. Дури веќе е крајно време да одлучите за одморот и да го резервирате, ако сакате да си заштедите на пари при резервација во последен момент. Ние можеме да ви помогнеме со изборот на дестинација.

Видете осум добри предлози за ова лето:

Рио де Жанеиро, Бразил

Домот на Летните олимписки игри во 2016 година сигурно ќе биде главна дестинација во листите на многу туристи за оваа сезона. Имајте на ум дека, сепак, иако авионските билети и одмор пакети се уште се во продажба, тоа нема да биде евтино патување.

Осло, Норвешка

Во летото туристите доаѓаат во Норвешка заради три причини: за да уживаат во мистеријата на полноќното сонце, да ги искачат нејзините прекрасни снежни планини и за да ги проучат фјордовите. Земјата навистина има што да понуди - според многумина ова е еден од најубавите региони во светот.

Барселона, Шпанија

Од јуни до август топлата и сува клима на Барселона ја прави идеална за љубителите на плажа дестинации. Овој град на брегот на Средоземното Море освен тоа е навистина убав. Ако не ги сакате гужвите , најдобро дозволети си посета на Барселона во август. Тогаш се одржува фестивалот „Festa Major“ кој носи цели војски туристи.

Крит, Грција

Сончање на белите песоци на една од најубавите плажи во светот - „Elafonissi“, тоа е сон на многу туристи. Умерена клима и кристално чистата сина вода го прават најголемиот остров на Грција фантастична летна дестинација.

Осака, Јапонија

Јапонија ќе наполни 50 години од независноста во 2016 година, па тоа ќе биде популарна дестинација за патување во текот на годината. Во лето можете да уживате во неверојатните бои на кремовите во „Maishima“.

Национален парк Јелоустоун, САД

Националната паркови служба на САД ќе наполни 100 години ова лето. Што има поубаво од тоа да ја прославите годишнината во првиот национален парк во земјата? Покрај тоа, тој има што да понуди - над 300 гејзери и 8 805 квадратни километри зачувана природа.

Будимпешта, Унгарија

Дефинитивно има што да се прави во Будимпешта во сите сезони. Истражете ја запрепастувачката базилика Естергом или пак направете си едно живописно патување низ земјата на вино. Унгарското розе навистина вреди.

Галапагос Острови Еквадор

Полни со диви животни - ова е вистинскиотопис на овие вулкански острови во Пацификот. Па задржете ги очите отворени за суштества кои нема да ги видите во ниедно друго место на планетата. Најверојатно пингвините, Албатрос и синокраките рибојади ќе ве фасцинираат за цел живот.