По 10 години коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Албанците имаат поголеми министерски апетити
Објавено во: Македонија 26 Март, 2017
Албанските партии кои дадоа поддршка на СДСМ за новото парламентарно мнозинство претставено од 67 пратеници ќе очекуваат повисоки министерски фотелји за разлика од десетгодишното владеење со ВМРО-ДПМНЕ каде најчесто ДУИ ги добиваше економија, животна средина, локална самоуправа, спроведување на рамковниот договор, а само два пати ги доби одбрана, европски прашања и образование.
„Има луѓе кои можат да преземат одговорност и да управуваат важни сектори. Верувам дека Министерството за финансии овој пат треба да биде раководено од Албанците. И како што беше предвидено во заедничката декларација економската рамноправност, сметам дека албанскиот министер за финансии, ќе придонесе Албанците да не се дискриминираат како што биле дискриминирани досега“, вели аналитичарот Илбер Села за Алсат-М.
Сега се шпекулира дека албанските партии, особено ДУИ ќе ги очекуваат или министерството за финансии или за надворешни работи. За Алијансата која ќе учествува во новата влада најпосакувано е министерството за здравство. Секако, ова се само прогнози бидејќи Зоран Заев сеуште нема добиено мандат за составување на нова влада, па затоа и преговорите за поделбата на министерските фотелји не се официјално започнати.