26 Април, 2024
0.0294

По седми пат објавен огласот за самовработување со грантови од 3.000 евра

Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Агенцијата за вработување распиша оглас за самовработување на невработените лица кој се однесува на користење гранд средства за отпочнување сопствен бизнис. Финансиската поддршка во висина од 3.000 евра наменети за репроматеријали и опремување плус регистрација на фирмата. Нема ограничувања за кои сектори и области може да биде наменета бизнис идејата. Во наредниве десет дена сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани за отпочнување сопствен бизнис од било која област ќе можат да се пријават во сите подрачни на Агенцијата низ државата. Право на користење на грантовите за самовработување имаат лица невработени подолго од една година, лица на возраст од 30 до 49 години, млади лица до 29 години, поранешни вработени лица во дејноста енергетика на кои работниот однос им завршил поради деловни причини, професионални војници на кои им престанала службата во АРМ, како и корисници на паричен надоместок по основ на невработеност. Право на учество во огласот имаат и корисници на социјална парична помош, лица со статус деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, родители со четри и повеќе малолетни деца, лица под супсидијарна заштита, собирачи на ПЕТ отпадоци, Роми, млади брачни двојки со или без деца до 45 годишна возраст,  возрасни лица од  50 до 59 години, осудено лице по отпуштање од казнено поправна установа. Јавниот повик за отпочнување на Програмата за самовработување се спроведува седма година по ред. Лицата кои ќе добијат грант средства како оснивачи на фирмите не ќе можат да се пријавуваат како невработени во наредните 4 години. Постојат временски ограничувања до кога корисниците на грантовите можат да престанат со работа на фирмата. Доколку пред истекот на 1 година прекинат со работната дејност, а во исто време не назначат друго лице да продолжи со работа ќе треба да вратат 85 отсто од финансиската поддршка. Пред истекот на 2 години во услови на затворање на фирмата корисниците на грантовите ќе треба да вратат 60% од средствата

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет