Почна средбата Хан - Заев, реформите во фокусот
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2017
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан пристигна во Владата на Република Македонија каде ќе се сретне со премиерот, Зоран Заев.
На средбата со Заев ќе се разговара за плановите за реформи на новата Влада.
Целта е да разговара за реформите што Европската унија ги очекува од Македонија, како и да ја повтори пораката на ЕУ за препораките и насоките за влез во ЕУ.
Хан ќе има и средба со владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.