02 Мај, 2024
0.0422

ПОЧНУВА БИТКАТА ЗА ПАРЛАМЕНТОТ: СДСМ го активираше план Б, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за пазарлак

Објавено во: Македонија 18 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Опозицијата реши да го активира планот Б и да поабара свикување на Собранието, откако претседателот Иванов одлучи да не му го дава мандатот на Заев и покрај бројните пораки упатени на негова адреса од ЕУ, САД и бројни меѓународни институции.

Со парламентарното мнозинство и потписи од 67 пратеници СДСМ вчера поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница.

ВоГенералниот секретар на партијата на Заев, Оливер Спасовски рече дека поднесувањето ги руши сите сомневања околу новото парламентарно мнозинство.

„Иако не постои законски рок до кога г-динот Трајко Вељаноски треба да одговори, ние се надеваме дека ќе бие на висина на задачата и одговорноста на својата функција, и дека веднаш ќе повика конститутивна седница која беше прекината“, изјави Спасовски.

Во поднесувањето на иницијативата и парламентаното мнозинство учествуваа ДУИ, БЕСА, и Алијансата за Албанците.

Спикерот закажа координација во вторник

Пред да заврши работното време на собраниските служби, се огласи и спикерот Трајко Вељаноски. 

Тој за во вторник закажа  координативна средба на парламентарните групи .

На таа средба би требало да се потврди составот на Комисијата за Избор и Именување, а откако се случи тоа се очекува да продолжи конститутивната седница

Битка меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ 

Вечните ривали не можат да ги усогласат ставовите околу бројот на членовите во комисијата. Партијата на Груевски бара 6 члена, СДСМ да има 5, ДУИ и БЕСА по еден. СДСМ пак инсистира и тие и ВМРО да имаат по 5 члена, ДУИ да има 2, а еден да има БЕСА.

Владеачката партија со неизвесност околу конститутивната седница

Засега не е познато како ќе постапи ВМРО ДПМНЕ на конститутивната седница. Од седиштето на партијата која е на власт веќе 10 години се огласи Илија Димовски кој рече 

ВМРО-ДПМНЕ ќе постапува според Уставот и законите и во заштита на државните и на националните интереси.

„Тоа практично е почеток на реализација на платформата од Тирана. Така ја коментираме нивната иницијатива. Ние како партија ќе постапуваме секако во согласност со законите и Уставот, но во насока на заштита на државните и националните интереси на Република Македонија“, посочи Димовски.

Од ВМРО ДПМНЕ го обвинија првиот човек на СДСМ дека се пазари со со националните и државните интереси.

Во вторник доаѓа Хан и европратеничката тројка

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во вторник ќе пристигнат во Македонија, официјално потврдија вчера од Брисел.

Според она што го пренесе портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич тие ќе се сретнат со претставниците на сите парламентарни партии, како и со претседателот Иванов и ќе ја повторат цврстата позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана Влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест