Подгответе се за поскапи цени на патарините ако патувате во оваа соседна земја
Објавено во: Балкан 05 Јуни, 2019
Директорот
на патиштата на Србија, Зоран Дробњак, изјави дека Владата го прифатила барањето
за зголемување на цената на патарина за 12 отсто и дека новите цени ќе
стапат на сила на 1-ви јули.
Медиумите од регионот пренесуваат дека новиот ценовник ќе биде направен кога пратениците ќе го усвојат предлогот на Владата и дека „Патишта на Србија“ овие дополнителни две милијарди динари ќе ги вложи за одржување на патиштата.
„Ние ќе ги направиме деловите од патиштата што се лоши, имаме план, не само за две милијарди, туку за 20 милијарди“, рече Дробњак за српски медиум.
Дробњак зборувајќи за квалитетот на патиштата, рече дека на скала од еден до десет за српските патишта ќе даде оценка 6,5 или 7.Фото politika.sr