03 Мај, 2024
0.0269

Покрената иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Група граѓански активисти покренаа иницијатива за спасување на Попова Шапка како еден убав планински бисер.

Во продолжение ви ја пренесуваме иницијативата целосно:

„Свесни сме дека живееме во една природна убавина како што е Шар Планина која што го допира и нашиот град.  Свесни сме за здравственото, еколошкото, туристичкото и економско значење кое го поседува Попова Шапка.

Загрижени од несовесноста,неодржливоста, заборавените инвестиции, уривање на едне од најпознатите рекреативни места од бивша Југославија, и тоа од самите локални и државни институции.

Ние граѓаните со чиста совест, кои сакаме Попова Шапка да ја гледаме што подобро, по чиста, уредена по сите стандарди, поискористена во еколошки туристички рекреативен спортски аспект. Со една иницијатива му се спротивставуваме на секое лошо што му се случува на овој туристички центар.

Собрани под граѓанската иницијатива со мотото „Да ја спасиме Попoва Шапка“ ја изразуваме нашата загриженост за уништување на туристичкиот центар во овие 15 години, оставајки го без ниту една инвестиција, без никаква инфраструктура, без одржување, без никаков конкретен проект, во смисла без никакво модернизирање на туристичките капацитети.

Попова Шапка е претворена во трпеза каде што не се знае кој јаде и кој пие, претворена е во место каде секој го прави тоа што го сака и мисли, краде колку што може, вработува и остранува од работа кој кого сака, ја искористуваат максимално, и без да се превземе иницијатива за да се обновува, чисти, да биде привлечна и профитабилна, од здравствен, спортски, туристички и економски аспект.

Нашите активности ќе бидат најразлични, почнувајки од оваа прва Прес Конференција за јавност, продолжувајки со следни собири и состаноци со граѓаните.

Ги повикуваме сите граѓани, интелектуалци, правници, економисти, експерти за туризам да ни се придружат и да ни дадат поддршка на спасување преку оваа иницијатива со мотото „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите