28 Април, 2024
0.0278

Полни како брод

Објавено во: Анализа 10 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Многумина му замеруваат на Епл овој период. Очекувано, компанијата се наоѓа во транзиционо пост Стив Џобс време кое треба да ја одреди нејзината иднина. Најголемите забелешки се дека компанијата станува се потрома и дека нема одговор на главниот ривал Самсунг, кој испорачува рекордни резултати. Стив Џобс за Тим Кук кажа дека е одличен логистичар, но дека тешко може да биде така креативен извршен директор каков што на Епл му треба. Сега засега (иако компанијата испорачува профити), ова се покажува за точно и навистина Тим Кук нема да има лесна задача да си го задржи местото. Но и покрај се благодаредение на името на Џобс и името на самата компанија, парите течат во Епл, а маржите се исклучително големи. За само три месеци компанијата оствари приходи од околу 45 милијарди долари. Имаат неверојатна маржа од скоро 40%, што е исклучително ретко за било која компанија. Продале близу 40 милиони Ајфон телефони и скоро 20 милиони ајпедови. Тоа е буквално како секој човек на поранешна Југославија да има Ајфон, додека секој втор да има ајпед. И тоа само за период од три месеци. И згора на се кешот незапирливо расте. Вкупно 145 милијарди долари денеска. Погледнете го рапидниот раст на кешот во билансот за само година и пол. Ова е нешто што спротивно од очекувањата предизвикува грижи за акционерите. Како што напишавме сите се плашат Епл да се не се претвори во динасаурус кој не е активен и во таква ситуација акционерите бараат овие пари да работат за компанијата. Или да се искористат за нови аквизиции кои ќе обезбедадат иднина или пак да се делат огромни дивиденди, па да се троши додека се има. На пример Епл ако сака може да го купи Фејсбук кој има капитализација од 62 милијарди долари. Што би рекло има доволно пари да плати премија и притоа уште да му остане доволно кеш. Исто така можат да снимаат филмови. Стив Џобс (кој беше најголем акционер во Дизни) може и ќе го направеше тоа.  Со овие пари може да се снимат илјадници блокбастери кои може да донесат многу профит. Редакција Фактор