ПОЛОШИ ОД НАС СЕ ЦРНОГОРЦИТЕ: Повеќе од половина Македонци немаат пари за непланиран трошок
Објавено во: Економија 19 Мај, 2020
Третина Европејци немаат пари за непланиран трошок, а истиот проблем го имаат повеќе од половина Македонци.
Податоците на Еуростат покажуваат дека скоро секој трет граѓанин на Европска Унија (32 отсто) не може да издржи неочекуван финансиски трошок, како што се ненадејна операција, трошоци за погреб, замена на машина за перење или автомобил.
Во Македонија бројката на граѓани кои немаат пари за непланирани трошоци е 54,2 отсто.
Во Црна Гора дури 73 отсто од населението нема пари за непланиран трошок.
Во Хрватска повеќе од половина државјани (52 отсто) не можат да поднесат ненадеен трошок.