ПОМИНА ТРАНСАКЦИЈАТА: Зголемен капиталот на АД Водостопанство
Објавено во: Финансии 03 Февруари, 2022
Зголемена е основната главнина на АД Водостопанство на Македонија преку емисија на 93.000 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари за една акција, соопшти Централниот депозитар за хартии од вредност.
Основната главнина на друштвото по зголемувањето изнесува 129.150.000 денари и е поделена на 129.150 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари за една акција.
АД Водостопанство е едно од акционерските друштва во државна сосптвеност за кое во неколку наврати имаше владина поддршка и пари за спас. Во текот на изминативе две години друштвото се соочува со неможност да ги сервисира обврските, па дури и да подели плати за вработените. На почетокот на декември лани Владата на седница донесе одлука за прераспеделба на буџетски средства за да им се помогне на повеќе јавни претпријатија меѓу кои беше и „Водстопанство“.